Во петокот по девет месеци жителите на нишката населба „12. февруари“ во Ниш доби струја, изјави Стеван Николиќ од движењето Опре Рома.
Жителите на населбата „12. февруари“ девет месеци живееле без струја и за време на двете најголеми светски кризи деновите и ноќите ги поминувале во темнина. Сепак, тие истрајаа во борбата и сега конечно можат да ја видат светлината на крајот од тунелот, се вели во соопштението на движењето.
Жителот на населбата Љубиша Вучковиќ тврди дека за девет месеци никој од претставниците на Ромите, вклучително и Националниот ромски совет, не се ни удостоил да ги праша како им оди, освен движењето Опра Рома.