Екслузивно интервју со Елвис Мемети - Советник за инклузија на Роми на премиерот во Владата на Република Северна Македонија,

Рома Тајмс: Како ја оценувате оваа 2022 во контекст на реализација на дел од Стратегијата на Ромите?

 

Елвис Мемети: Отпочнување на преговорите со Европската Унија и поттикнувањето на регионалната соработка на земјите од Западен Балкан како дел од Берлинскиот процес за поддршка на проширувањето на ЕУ, резултираше со различни инцијативи, меѓу кои и заложбите на земјите од Западен Балкан за забрзана интеграција на Ромите. Во јули 2019 година, ја усвоивме Декларацијата за интеграција на Ромите , каде што се обврзавме да продолжиме да работиме на  подобрување на состојбата на Ромите во регионот и да постигнеме конкретни резултати во областа на образованието, вработувањето, здравството, домувањето, граѓанската документација и борбата против дискриминацијата.

Владата на Република Северна Македонија во февруари 2022 ја усвои 10 годишната Стратегија за инклузија на Ромите во Република Северна Македонија во согласност со Европската стратешка рамка сме пример во регионот на добро изградени, континуирани и таргетираните политики наменети за најранливите категории на граѓани - Ромите. Стратегија за Роми 2022–2030 год е дел од јавните политики за изедначување на степенот на вклученост и интеграција на ромската заедница со сите етнички заедници.

Во таа насока, подобрувањето на квалитетот на животот и стремежот за изградба на еднакво и кохезивно општество кое што се темели на доверба, меѓусебна соработка, каде што граѓаните и заедниците се чувствуваат безбедни и имаат еднакви можности за личен развој е еден од главните столбови.

Ние претходниот период работевме согласно Стратешките планови на ресорните министерства и посебен фокус се поставени на следните цели

 - вработувањето преку активација на пазарот на труд и подршка на претприемништвото и самовработување, и мерки за формализација или унапредување на бизнисите.

- и Домувањето преку социјалното домување и социјалните станови, реновирање на куќи во рамките на актуелните проекти како и времено згрижување на најраливите категории на граѓани вклучително и комунално инфраструктурни проекти во ромските маала во општините.

- и формирање на тимови за имплементација на Стратегијата на Ромите  и нашето настојување за системски пристап во одговор на предизвиците за да можеме да ја унапредиме имплементацијата на проектите и целите поврзани со сите хоризонтални области од Стратегијата за Ромите.

Секако најголеми издадоци се во областа на образованието ( зголемен е бројот на стипендии и бројот на лица ангажирани во областа)

2022 година секако е и предизвик од аспект на тоа што продолжи пандемијата и особено најголемите предивизвици во однос на безбедносната и енергетската криза. Ние и во таков контекст не само што успеавме да не се крати него и да има и одредени зголемувања во некои сфери.

 

Р.Т.: Во која област има најголем напредок, а во која најмал

 

Е М: Како што кажав погоре најголеми издадоци се во областа на образованието а најмали во областа на културата. Јас со посебен фокус ги следам повиците кои што беа актуелни во областа на културата и очекувам дека нашите  организации кои што се професионализирани во оваа област да имаат поголем удел.

 

Р.Т.: Како го оценувате Предлог Буџетот за 2023 за реализација на  Стратегијата на Ромите

 

Е М: Јас би се сконцетрирал на моментот од кога стапив на функција на оваа позиција а тоа е од октомври 2020 година и само за мала споредба :

Во 2015 година за Стратегијата за Ромите беа одвоени 35 милони денари, пред почетокот на Ковид 19 во 2019 година  беа одвоени околу 54 мил денари или зголемување за 65 % во однос на претходните буџети и во 2023 год во време на пандемија, безбедносна и економска криза  буџетот за Стратегијата за Роми не само што не е намален и скратен него е зголем за 10 % во споредба со претходните години.  Тоа е и порака до институциите за целосна имплементација на сите планирани проекти за да ги постигнеме планираните цели во 2023 година согласно Националните Акциски планови и Стратегијата за Ромите.

Ромите во Република Северна Македонија имаат потенцијал да го предводат прашањето на сопствената интеграција и да бидат пример за останатите во регионот.

И затоа зборуваме за суштински политики поврзани за унапредување на Ромската заедница.

За Поддршка на имплементацијата на Стратегијата за Роми за 2023 год во 4 области од Стратегијата за Ромите каде што имаме и таргетирани политики во областа на вработување, образование, домување и здравство и се издвоени се 59 546 000 ден. Дали се тоа доволни за да се постигнат стратешките цели – секако дека не се доволни. И затоа е неопходно системот (системот сме сите ние) во сферата на услуги и сервиси да функционира беспрекорно за да може граѓаните да ја вратат и да ја градат довербата кон институциите.

Само во период од 2020 до 2022 година Владата подржа интервенции во износ од 2.323.643 евра во инфраструктура, образование, социјала, и здравство за општина Шуто Оризари што се досега најголеми инвестиции во однос на сите претходни интервенции во изминатите 10 години.

 

Р.Т.: Како ги оценувате политиките на  ромскиот политички блок во РСМ

 

Е М: Би бил задоволен кога тој политички блок би бил претставен преку два главни табора во кој што едниот се традиционални и конзервативни и популисти а додека пак другите се прогресивци  реформатори и двигатели на вредности, принципи и идеали. Ако зборувате за еден таков политички блок тогаш би можело да видиме и поконкретни резултати . Вака како што е , мислам дека на политичката сцена сеуште во ромските сектор не може да видиме политички партии во вистинска смисла на зборот.

Јас би ги насочил политиките кон неколку клучни пораки

- функционалната држава е од корист на сите граѓани и како индивидуи и како збир од различни колективи. Во еден таков систем може да се живее и да се почуствува задоволство зашто тогаш институциите – сервисот и услугите работат во корист на граѓаните.

- таргетираните политиките како на пример Стратегијата за Роми и одвојување на буџети мора да бидат основа во секоја партиска програма кај ромските политички партии.

- враќање на довербата и просперитетот мора да биде наша реформска политика која би се бавела со проблемите од корен. Имено тука  свој влог имаме сите со својата проактивност и со своите барања зашто на крајот граѓаните се тие кои ја даваат и ја земаат довербата.

- И мислам дека овие кризни времиња треба да не обединат по секоја цена и по сите основи кон сите чинители за да изградиме една потранспаретна, колективна и солидарна политика. Јас длабокот верувам дека не е потребна почит кон само на еден човек или еден лидер, него да разговараме за лидерство каде што сите заедно растеме и се развиваме во овие времиња кои што се. 

 

Р.Т.: На што  треба да се фокусираат активностите (главните предизвици)за подобрување на состојбата со Ромската заедница во РСМ во годината која е пред нас

 

Е М: - енергетската криза – да настојуваме ромските маала да бидат дел од сите најавени инвестиции иако поголемиот дел од нив се соочуваат со прашањето на легализација и легални приклучоци за струја.

- дигитализацијата да ја искористиме за да го потикнеме претприемништвото кај ромската заедница за да може услугите, робата, сервисот да создава задоволни и лојални клиенти.

- зелената Агенда особено нашиот придонес кон здрава животна средина. Пред се мислам на неформалните собирачи кои што треба да бидат дел од еден регулиран систем.

-потенцијалот на демографијата и младата работна сила. Мислам дека пазарот на труд треба да биде опсипан со наши луѓе кои што без бариери влегуваат на работа и чесно си заработуваат и егзистираат за себе и своето семејство

- и секако потенцијалот на гласови или на разликата која што е потребнаа и на запад и на исток од земјата за да надвладее одредена политичка идеологија. Но за тоа ни треба политичка партија која што ја враќа довербата кај народот.

Подобрувањата стануваат неопходност и повик за ургенција на сите НАС.

 

Интервју со Елвис Мемети, советник за инклузија на Роми на премиерот во Владата на Република Северна Македонија

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 201 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот