Јутјуберот Zackabier објави видео на својот канал во кое илустрираше на што го потсетуваат европските земји.
Во видеото, тој ги наведе сите земји на ЕУ, дури и оние што не се членки, вклучувајќи ја и Македонија.
Симпатичното видео го започна со прашањето – Дали и вие го гледате во Европа она што го гледам јас? Понатаму, тој прашува дали некогаш сте лежеле во трева и сте гледале во небото, прашувајќи се на што точно ве потсетува некој облак.
„Неверојатно е како облиците на облаците потсетуваат на некој предмет или животно, исто е и со контурите на границите на земјите“, вели тој во видеото.
Италија несомнено потсетува на чизма, Албанија за чудо, го потсетува на кондом, Ерменија на ајкула, а Австрија ја поврзува со дебел полжав.
Азербејџан помина подобро, па Јутјуб го поврзува обликот на границите на оваа земја со рајска птица, Белгија со човек што се моли и Босна со ракета.
И додека Хрватска традиционално ги потсетува луѓето на кифла, а оние што се пооптимисти на гулаб во лет, се чини дека „Game of Thrones“ ја смени таа перцепција, па Хрватска сега има форма на змеј.
Србија го потсетува јутјуберот на диносаурус, а Косово го поврзува со форма на дух.
Македонија наводно личела на цвет карфиол, па видете и сами во видеото дали сме можеле да поминеме и подобро.
Youtube: