Бегалците Роми во Украина раскажуваат за дискриминација

Стотици Роми во Украина се соочуваат со неизвесна иднина во главниот град на Молдавија Кишињев бидејќи многумина не се документирани.

Кристина (41) е една од нив. Таа изгуби се што поседуваше откако Русија ја бомбардираше нејзината куќа во источниот украински град Харков.

„Харков сега е како мојата дланка. Куќите на луѓето и центарот на градот се уништени, не остана апсолутно ништо“, изјави таа за Ал Џезира.

Бидејќи бомбите го уништуваа единствениот дом што некогаш го имала, сè што можеше да направи е да ги зграби децата и да замине. Сега, е на сред пат, без документи или поим за нејзините следни чекори.

„Ако бомба падне врз вашата куќа и слушнете пукање од тенк, што ќе земете прво, документи или вашите деца“, праша таа.

Кристина отпатува од Харков до Лавов, а потоа до границата со Молдавија. Но, таму, вели таа, поминала четири дена на студ чекајќи да влезе во Молдавија, без храна и вода.

Откако најдоа засолниште, таа и другите Роми беа избркани од нивните шатори од страна на украинските гранични власти.

Кристина е една од околу 400.000 Украински Роми кои, покрај траумата од војната, мора да се справат и со дискриминација долж нивната евакуација надвор од Украина.

 

Link: https://www.aljazeera.com/news/2022/3/7/ukraines-roma-refugees-recount-discrimination-on-route-to-safety

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 346 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот