Пијанистка Ромка од Нови Сад за момент кој и го промени животот

Се издигна над сите и им покажа која е таа! Борбата беше тешка и мачна но вредеше. Но како се избори за свое место во општеството и ги победила сите предрасуди кон Ромите , раскажа Александра Александровиќ (28) од Нови Сад.

 - Да, бев дискриминирана поради мојата боја на кожа и затоа што сум Ромка. Има различни начини на дискриминација.

Кога бев во трето одделение во основното училиште, наставничката ги раздели децата , белите од потемните. Белите деца беа сместени во првите клупи напред, а децата со темна боја на кожата ги смести во последните клупи, и тоа со еден празен проред меѓу тие клупи.

Кога и да дигнев рака за да одговорам на нејзините прашања , таа ме игнорираше. Како да не постоевме ние потемните деца од последните клуп- се подсетува Александра на своето детство.

-Дојдов дома расплакана и му кажав на татко ми што се случува. Утредента татко ми отиде на училиште , разговараше со наставничката и состојбата повеќе не беше таква.

Но по неколку дена наставничката додека ни ги проверуваше домашните задачи ме запраша, Александра дали ти си Ромка? И одоговорив: „ Да јас сум Ромка„. Во тој момент настана молк и тишина, децата ме гледаа, како да сум рекла нешто ужасно и страшно.

- Сите сме свесни фрка додека сте дете сето тоа интензивно го преживувате , дека тогаш се трасираат многу работи и се поставуваат темелите за понатамошниот живот.

- Инаку дискриминацијата и расизмот и понатаму постојат . но тоа што можам да го направам е тоа да не дозволам да влијае врз мојата психа, и да не дозволам да паднам.

- Паралелно  со основото посетував и нижа музичка школа во „ Исидор Бајиќ„ во Нови Сад и главен инструмент ми беше армоника. Потоа запишав и средна музичка школа , главен инструмент клавир, но исто така ја задржав и хармониката и свирев во оркестарот.

Потоа се запишав на Академијата за уметности . студиски програм Етномузикологија, со главен инструмент тамбура и клавир. По дипломирањето запишав и Мастер студии во Театарот , драмски департман во новосадската Академија за уметности. Зимскиот семестар  го посетував во Нови Сад, а летниот во Норвешка во градот Берген преку Еразмус програмата за размена мна студенти. Успешно го одбранив мастерот и тезата со наслов: „Интеркултуралност низ наставните единици по предметите музичко и математика„ и се стекнав со диплома мастер драмски педагог, напомена Александра.

 

Link https://luftika.rs/aleksandra-aleksandrovic-pedagog/?utm_source=fb_page&utm_campaign=publer&utm_medium=Luftika&fbclid=IwAR24JUZRi-5PpPiSBf0MU2HDkr5U8DlhHNSxNTgRuYi3FHi7IEGFO4XaSkE

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 320 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот