Жителите на населбата 12 фебруари во Ниш, кои седум месеци се без струја, денеска протестираа во Белград пред Министерството за енергетика и рударство.
Според белградските медиуми, претставниците на Здружението на Ромите „Опра“ на Србија и оваа населба договориле привремено решение на средбата со шефицата на Кабинетот на министерката за енергетика и рударство Дубравка Ѓедовиќ.
Според изјавите на преговарачите, постигнато е привремено решение, домаќинствата да се приклучат на електричната мрежа во рок од седум до десет дена, а преговорите да продолжат во следните шест месеци со цел да се постигне трајно решение.
Јелена Рељиќ на денешната медиумска конференција напомена дека организацијата Опре Рома која го организираше денешниот протест заедно со мештаните ќе го следи развојот на ситуацијата и соодветно ќе реагира.
Во нишката населба „12. фебруари“ е дом на 24 семејства кои седум месеци немаат пристап до струја. Долг период безуспешно се обидувале да го решат проблемот.