За време на своето гостување во емисијата “Face to face” на веб проталот Рома Њуз , членот на Аваја, Елвис Шаќири напомена дека дека сега Аваја од Движење се трансформира во нов ромски политички субјект, т.е наскоро станува нова политичка партија
„ На крајот на оваа 2022 година, или на почетокот на 2023 година, ќе се регистрира политичката партија АВАЈА, и ќе преставува нов политички субјект во Република Северна Македонија. Проседурата и формалностите околу нејзината регистрација започнаа и се очекува наскоро да се формализираат сите административни формалности околу регистрацијата на АВАЈА во политилка партија„ напомена членот на АВАЈА Елвис Шаќири