– Работиме да создадеме образовни установи кои ќе ги вклучат и прифатат сите деца, од сите етнички заедници, со различни образовни потреби, а кадарот ќе биде добро спремен и доволно мотивиран за да ги научи младите како да бидат ориентирани кон успех, без разлика дали ќе се одлучат да започнат сопствен бизнис или пак ќе се вклучат во работата на некоја постојна организација, компанија, институција, ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири во своето обраќање на вториот REDI (Roma Enterpreneurship Development Initiative) самит, кој е иницијатива на три непрофитни организации од Северна Македонија, Романија и Србија, кои се залагаат за економска стабилност и финансиска инклузија на Ромите во општествата
Тој додаде дека Ромите добиваат се повеќе права и образовни можности и од нив се очекува успешно да се интегрираат во општеството и да бидат дел од генерациите кои ќе донесат подобра иднина за оваа држава.