Движењето Опра Рома Србија пред една недела го искажа своето незадоволство на прес конференцијата „Ромите повторно немаа слобода да ја пријават својата националност на пописот во 2022 година“.
Конференцијата се организираѓе по повод завршувањето на пописот на населението и потенцијалните резултати од пописот поврзани со ромското население.
Една од темите на конференцијата беше предлогот на Републичкиот институт за статистика и Националниот совет на ромското национално малцинство за ангажирање помошници попишувачи Роми, што беше несоодветно решение во пописот на ромската заедница, како и невистинити изјави кои излегоа во јавноста дека Ромите имаат рекорден број од нив. Од друга страна, РЖС излезе со невистинито соопштение во јавноста дека нема пријавени неправилности во пописот.
Тие бараа РЗС и НСРНМ итно да се изјаснат за прашањето на помошниците Роми и можните импликации од недоволен број од нив врз ромската заедница, како и да преземат одговорност за нереалните резултати од пописот.