На 04.Ноември 2022 во свечената сала на Владата на Република Северна Македонија се одржан настан поповод 5-ти Ноември - Меѓународен ден на Ромскиот јазик
На настанот беше инициран од страна на мрежата за Системски и трајни решенија на Ромската заедница лиј координатор е Зоран Димов, а поддржан од Владата на Р.С. Македонија.
На неа земаа учество со свои обраќања и високи државни преставници како што е Ген.секретар на Владата Методија Димовски, пратениците од Собранието Љатифа Шиковска и Арбана Пашоли, државните секретари од Правда и МОН Мухамед Точи и Анета Трпеска амбасадорите на Германија и Шпанија како и истакнати Ромски лингвисти, преставници од НВО секторот идр.
Во своите говори и дискусии беше истакнато дека од голема важност е зачувување и изучување на ромскиот јазик, не само во основните училишта каде е на факултативна основа туку и во повисоките образовни инстанци, средните училипта и универзитетите, за отварање на ромска катедра.
Во таа насока е и формирање на кадар од наставници и професори по ромскиот јазик,историја и култура.
Истовремено за време на дискусиите беше и потребата од профункционирање на Дигитален речник на ромски, македонски и англиски.
На самата презентација интересот кај присутните беше огромен, кој и самиот државен секретар Димовски ја искажа подготвеноста и државата да помогне во реализација на профункционирање и имплементација во реализација на отј прв ромски дигитален речник.
Самата заложба на државата и присутните беше дека една ваква дигитална алатка ќе преставува од огромна помош во процесот на образование, како кај децата од основните училишта така и кај средношколците и студентите, а ќе биде од огромна корист и за наставниот кадар во употреба на своите наставни активности. Според сите параметри тој дигитален речник ќе биде подостапен за сите и ќе придонесе квалитетно и модерно образование.
На крајот од настанот организаторите доделија и 5-то Номевриски плакети за особен придонес во ромскиот јазик и литература