Ромскиот јазик и ромската култура се единственото богатство што Ромите ги донеле со себе од својата татковина Индија. Ромскиот јазик како колективна меморија е единствениот поим од кој би можело да се утврди потеклото на денешните Роми (всушност тоа беше единствената алатка на научниците кои истражуваа од кого и од каде потекнуваат Ромите) што ја имаме насекаде низ светот.
Затоа поповод 5 Ноември Меѓународниот ден на Ромскиот јазик Мрежата за системски и трајни решенија во Петок на 4 Ноември во Владата на Р.С. Македонија ќе организира настан каде на свечен начин ќе се одбележи овој ден.
На настанот планирано е да учествуваат и високи преставници од државните институции како и истакнати ромски интелектуалци кои работат на полето на зачувување на ромскиот јазик и литература. Исто така ќе се оддржи панел дискусија како и академски час за важноста на ромскиот јазик.
Воедно за време на настанот ќе се доделат и плакети на истакнати и заслужни личности од областа на ромскиот јазик и литература.
Во текот на неделава за тој настан ќе има повеќе информации.
Овој датум е веќе прифатен во другите Балкански земји, а кај нас полека почнува да се афирмира одбележувањето на овој ден.