Проблем со уписите на првачиња Роми во Штип

Реонизацијата и годинава главен проблем при уписот на првачиња во Штип. Две тужби за сегрегација на Роми пред судовите во државата и во Стразбур го зацврстија ставот на општината дека реонизацијата доследно ќе се почитува.

Едно од  училиштата каде  има најмногу барања за трансфер  е „Гоце Делчев“, тоа е и едно од тужените страни заедно со општина Штип и Министерството за образование. Од 170 деца на список,  во училиштето на десет дена пред крај на уписниот рок досега се запишани само 15 првачиња. 

По претставка на Европскиот центар за правата на Ромите за сегрегација на учениците Роми, Комисијата за Заштита од дискриминација во февруари годинава  донесе и општа препорака реонизацијата во сите општини строго да се почитува,  директорите да не ги потпишуваат барањата на родителите, а МОН да ги зајакне критериумите за префлање од едно во друго училиште. 

Со тоа не се сложуваат родителите кои сакаат да им се почитува правото на избор. Откако од општината добиле најави дека барањата нема да им бидат усвоени, дел од нив не сакаат да чекаат до Август, па менуваат адреси на живеење. 

Според член 63 од Законот за основно образование родителите  имаат право да ги запишат децата во други училишта. Единствен услов е училиштето каде сакаат да го запишат детето да има слободни места по завршувањето на уписниот рок.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 553 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот