Колумна на М-р Шенај Османов РОМИТЕ И РОМСКИТЕ ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ

Анализи и само вистина!!!

Веќе долги години наназад сведочиме како ромската заедница се развива во општеството преку политиките креирани од актуелните ромски политичари. Следејки ги досегашните политики увидов дека од самиот почеток па се до денес паушално се настапува како пред самата заедница така и на избори. Неможевме да бидеме сведоци дека ромските политички партии барем на еден изборен процес има настапено со конкретна програма која ќе содржи развојни политики за подобрување на состојбата кај заедницата. Таквиот однос на политичарите остават несериозен пристап кај поголемите неромски политички партии и затоа истите добиват многу малку или скоро ништо, а со таквиот пристап губи и целата заедница.

Доказ за ваквото стекнато мислење се повеќе изминати изборни процеси, но за жал последните локални избори ја покажаа потребата од стручна политичка моќ кај ромските политички партии каде ја видовме нивната слабост од која ниту една не смокна сили да настапи самостојно пред својата заедница и да се залага за заштита на политичките, економските, социјалните и културните права како и уверувањата заради учество во процесот на донесување на политички одлуки при учество во власта.  

Жално но вистина, сеуште политичарите го избират полесниот пат сметајки дека движењето по асвалтен пат е полесно од движење по калдирма. Поаѓајки од ваквата идеологија влегуват во коалиции со поголемите политички партии без да имат својата визија/мисија по која ќе се предводат или пак која ќе им биде показател дали политиките на големите партии се соодветни за подобрување на состојбата кај ромската заедница за која заедница тие се формирани како политички субјект.

За жал уште од осамостојувањето на Р. Македонија неможевме да бидеме сведоци на презентација на политичка програма, сеуште гледаме како ромските политичари паушално ги креират политиките според сопствените потреби, а во меѓувреме се чудиме зошто Ромите тапкат во место, зошто Ромите сеуште се во маргините на општеството, одговорот на сето оваа е овде, не барајте одговори или одговорности на други страни, креаторите на политиката за Ромите ја погрешиле својата професија. Тежината на лошите политики неможат да се носат, ДА тие се тешки, но за справување со истите се потребни многу вредности, јас сепак сум оптимист, верувам дека наскоро ќе излезат младите Роми високо образовани кои пред да планират основање на политички субјект, ќе направат анализа од потребите на заедницата, па според тие потреби ќе постават визија/мисија и на крај сето тоа ќе го префрлат во парче хартија кое нешто ќе го наречат Програма за развојни политики на ромската заедница. На крај од целата приказна програмата ќе ја продадат на големите партии и на кој ќе му се допадне и пристапи кон имплементација на програмата ќе си ја купе истата и сите среќно ќе си живеат.

 

П.С. Колумната не посочува никого, добро е секој политичар да се препознае и истата да ја прифати како позитивна критика, а јас како автор на колумната ќе бидам среќен доколку некој политичар постапи по истата.

Лека полека се гледа крајот на паушалните политичари!!!  

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 249 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата