Ромките не смеат да бидат жртви на нова „Јавна соба“

Со свое соопштение до јавноста излегоа неколку Ромски НВО како реакција на неодамна објавените експлицитни фотографии и видеа на социјалните мрежи.

 

Во него е наведено

Почитувани,

Згрозени сме од последните случаи на сексуално вознемирување на жени и девојки Ромки на социјалните мрежи.

Имено на 21.08.2021 година на социјалната мрежа Фејсбук се појави фан страна https://www.facebook.com/semmsuvada, на која се објавуваат компромитирачки и експлицитни приватни фотографии и видеа од истите за тие да се деморализираат и обезвреднат.

На истата Фејсбук страница на 06.10.2021 година е објавен повик за собирање на фотографии и видеа од жени и девојки Ромки со цел нивно објавување и како што е наведено во објавата „јавно прикажување на „нечесните жени“.(„Koj mangena shaj dena slike privatno te ubacina e nepostena manusen“)

На самите објави има приватни фотографии и видеа од Ромки кои што живеат во Република Северна Македонија, но и надвор од нашата држава, а на некои фотографии се видливи и нивните малолетни деца. Сите објави на гореспоменатата Фејсбук -страница, предизвикува лавина од вознемирувачки коментари и говор на омраза од поединци, како и повици за јавен линч со што се повредува достоинството на Ромките чии фотографии се објавени.

Токму поради сето ова, ги повикуваме жените кои се директно засегнати со овие објави, како и сите останати корисници на социјалната мрежа Фејсбук да ги пријават ваквите објави најпрво користејќи ги алатките за пријава на ваков вознемирувачки материјал на Фејсбук, а потоа да ја пријават ваквата злоупотреба до надлежните институции и/или до здруженијата на граѓани. Воедно ги повикуваме институциите:

Министерство за внатрешни работи,Одделот за компјутерски криминал и Дигитална форензика - https://mvr.gov.mk/default

Основното јавно обвинителство – https://jorm.gov.mk/osnovno-javno-obvinitelstvo-skopje/

Агенцијата за заштита на лични податоци - https://dzlp.mk/...

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација - https://aspi.mk/imateli/30456/...

веднаш и итно да постапат по допрен глас и да ги елиминираат овие штетни практики кои имаат за цел да ги нарушат достоинството и угледот на жените Ромки!

Не смееме да дозволиме да ни се повтори случајот со „Јавна соба“!

Како општество не смееме да го дозволиме вознемирувањето, злоупотребата на лични податоци и јавниот говор на омраза кон жените чија единствена цел е да се наруши дигнитетот и јавниот углед на жените Ромки – стои во реакцијата.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 729 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата