Ромската заедница честопати се една од нај маргинализираните во Европа. Повеќе од дванаесет милиони луѓе претежно живеат во сиромаштија, честопати во пренаселени места. Пандемијата ги опустоши нивните заедници, отсекувајќи ги уште повеќе од остатокот од општеството.
Иако жителите на ромските населби честопати се претпазливи кога пуштаат новинари, дописникот на Би-Би-Си, Џин Мекензи е поканет во една од најголемите бугарски ромски населби во Сливен.
Како што вели таа, низ цела Европа, ромските заедници често пати биле избегнувани и запоставувани, а пандемијата „ковида-19“ сега ги остави во борба да преживеат.
- Обично немаме вода. Немаме струја. Немаме патишта. Имаме нечистотија и кал. Немаме ниту интернет пристап за децата да ја следат он лајн наставата - велат жителите.
- Ниту куче не може да живее во овие застрашувачки услови. Канализациониот систем не работи, луѓето немаат тоалети. Луѓето го фрлаат својот тоалетен отпад надвор - вели една локална жена.
Некои членови на оваа заедница избегаа од сиромаштијата барајќи сезонска работа во Велика Британија.
Бугарската влада тврди дека нема дискриминација.
- Не постои дискриминација кон Ромите од страна на властите. Градовите се ставени во карантин без никаква врска со нивната етничка припадност, соопштија официјалните лица.