Засолништето за децата на улица во Ниш функционираше како проект. За време од пет години работа на тој објект во Ниш низ него поминаа околу 200 деца. Дел од нив беа од Ниш , додека дел беа во транзит. Тоа не беше објект каде само наминуваа, пиеа чај и се топлеа . Многумина од децата за прв пат добија и свој матичен број , вакцина или здравствена легитимација.
Тие некому му пречеа, а на други им беше жал, а имаше и такви кој се плашеа од нив. Тие не водеа сметка на кој начин ги гледаа „другите„ туку им беше важно да го истераат денот до крај. Тие „деца на улица„ доаѓаа најчето од дифункционални семејства , повеќето од ромските населби. Ниту оваа зима, како и неклку претходни овие деца ќе немаат можност каде да се сокријат кога ќе застуди. Уште една зима во Ниш ќе нема засолниште за тие деца.
–Додека функционираше ова засолниште , успеавме да ги евидентираме тие деца на улица, да направиме да бидат правно видливи. Сега кога би профункционирало ова засолниште главен приоритет би бил низ разни програми да го засилиме биолошкото семејство, родителот да се стекне со поголема одговорност и вештина, а „децата на улица„ кој питачат, да бидат вратени во нормален живот – рече Бошко Алексиќ , поранешен координатор на овој проект.
Link: http://www.portal-udar.net/nis-jos-jedna-zima-bez-svratista-za-decu-ulice/