Национализмот е феномен од глобални размери. Тој може да се дефинира и како колективна и индивидуална параноја. Национализмот се препознава лесно,затоа што националистичкото его е на високо ниво, а тоа не ни носи добри работи за во иднина…
Истовремено мора да бидеме и свесни дека национализмот и омразата е како една дива река. Таа дива река е брза и многу тешко да се контролира. Доколку во неа и се приклучат надворешните фактори (пластично објаснето е слично како таа дива река која тече низ пределите и кон неа се влеваат мали притоки) тогаш постои опасност таа река да се излее и направи големи поплави со катастрофални последици.
Така е и со национализмот и омразата. Во врска посакуваното членство во ЕУ сепак е потребно малку да се приземјиме за одредени работи во врска со национализмот и ние очигледно не можеме сами да се справиме со моменталната ситуација што ни се случува.
Во таа насока потребно е да ги прифатиме условите што се клучни за влез, кој признаваме нема да биде лесно, да се сменат навиките и да се искоренат, но за наредните генерации тоа не би било проблем колку што е сега за овие генерации.
Од се потребно е да се тргне сам од себе. Доколку сме подготвени за промена на подобро ќе почне се друго да функционира. Но, самите треба да сме свесни и да сакаме да се подобриме како општество. Со поинакви зборови потребно е напор и промена доколку сакаме да го надминеме национализмот и омразата. Или поинаку кажано, Да се обединиме во различностите.