Ромското граѓанско здружение исто така ги поканува Ромите да се приклучат како попишувачи. Продолжениот рок за регрутирање попишувачи истекува на 16 ноември.
Во 2011 година, реалниот број Роми во Бугарија не беше соодветно рефлектиран во пописот, објасни во програмата „Пред сите“ Миглена Михајлова од движењето „Постојана конференција за Ромите“. Меѓу причините, таа го потенцираше стравот од слободно изјавување на етничко потекло. „Ова е т.н. стигматизација во нашето општество кон ромската заедница “. Собраните податоци влијаат на планирањето и финансирањето на разни јавни услуги, како што се здравството и образованието. На државата и се потребни за правилно распределување на јавните ресурси, тврди Михајлова.
Според адвокатот, ромската заедница како дел од бугарското општество треба да учествува и да се вклучи „во овој тежок процес за државата“. Се собираат податоци што можат да ја подобрат состојбата во ромската заедница и во целото општество во наредните години, изјави Миглена Михајлова за БНР. Според Михајлова, финансискиот аргумент не води во оние што изразија желба да вклучат претставници на ромската заедница.