После долга и тешка болест на 02.11.2020 година во 73 година од својто живот почина еден од најголемите активисти и борец за ромски права Проф. Д.р Рајко Ѓуриќ .
Проф. Д.р Рајко Ѓуриќ е роден на 3 октомври 1947 година во местото Мало Орашје, Србија. Тој во 1971 година на белградскиот универзитет (Филозовски факултет) дипломираше филозофија. Во 1985 докторираше социјологија. Беше соработниик во Српската академија на науки –САНУ , кој и му ја издаде книгата „Непознаници за Ромите„ . Во самиот зборник на САНУ објавени се повеќе негови текстови за културата и Холокаустот на Ромите. Инаку Ѓуриќ е автор на голем број книги, научни дела и публикации кој се објавени во Ех Југолавија, Србија, Австрија, Франција, Хрватска, Италија, Јапонија, Унгарија, Македонија. Германија, Полска, Романија, САД, Словенија, Шпанија, Шведска и Велика Британија. Меѓу научните дела посебно место завземаат „Истроја на Ромите„ „Историја на ромската литература„ и „Историја на Ромскиот холокауст„. Тој исто така ја напишал и „Граматика на ромскиот јазик„ и студијата „Ромски глаголи, нивното потекло и значење„, кој всушност преставува и прво научно –истражувачка работа на овој вид во светот. Беше стручен соработник и преведувач во филмот на Саша Петровиќ „Скупљачи перја„, како и соработник и косценарист во филмот на Емир Кустурица „Дом за бесење„ каде исто така беше стручен соработник и преведувач.
Беше предавач на многу европски универзитети. Добитник е на повеќе домашни и странски признанија. На четвртиот конгрес на ИРУ во 1990 во Полска беше избран и за нејзин претседател. Беше и пратеник во Српското собрание. Инаку Проф. Д.р Рајко Ѓуриќ минатат година беше и дел од документарецот на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ каде во својот дел ги подели своите познавања во врска со Ромската историја.