Поплавени улици, кал, стари куќи, сиромаштија и беда во населбата Прилепска во Кичево. Жителите од оваа населба се од ромската заедница, куќите им се изградени околу реката и секоја година се соочуваат со поплави. Во еднособна или двособна куќа живат по 10 лица. Надлежните ги посетуваат само пред избори, само заради гласови, велат жителите.
Имаат само едно барање – улицата да се поплочи со бекатон и да се приклучат на дистрибутивната мрежа за електрична енергија бидејќи како што велат, живеат како во среден век.
Тие се жалат дека ниту децата не им ги примаат на училиште бидејќи не се чисти и не се облечени добро. Во оваа населба во 2018 имало големи поплави кога Зајаската река се излеала од коритото и поплавила многу куќи и бараки каде што живееле. Над 800 лица останале без покрив над главата. Како што велат, отштета добиле само по 1.000 денари, пари кои некој ги земал, а некој не, бидејќи од општината им рекле дека сметките им се блокирани.
Link: