Министерите одговорни за интеграција на Ромите во економијата на Западен Балкан се состануваат во вторник во Тирана за да разговараат за напредокот постигнат во првата година од имплементација на Декларацијата за интеграција на Ромите која беше усвоена во Познан, Полска на самитот минатата година.
Декларацијата постави важни цели кој регионалните влади е потребно да ги имплементираат пред да и се приклучат на ЕУ . 88% од Ромите живеат во голема материјална сиромаштија од кој 54% немаат осигурано храна, секој ден, и во текот на минатиот месец барем еден член во семејството останувал гладен.
Воведни зборови ќе имаат министерите за здравство и социјална заштита на Албанија Огерта Манастирлиу, европскиот комесар за соседна политикла и проширување Оливер Вархелји, генералниот секретар на Одсборот за регионална соработка Мјалинда Брегу, министерката за социјала на Бугарија Деница Сачева, директорот на Офисот за ромска иницијатива на фондацијата Отворено општество Жељко Јовановиќ и албанскиот премиер Еди Рама.
Завршниот збор ќе го имаат заменик генералниот директор за политика на соседството и проширување на Европската комисија Латерина Матернова и амбасадорот на Германија во Албанија Петер Зинграф.
Link: http://www.portal-udar.net/tirana-domacin-ministarskog-sastanka-o-integraciji-roma/