Живото понекогаш знае да биде суров. Тоа на своја кожа го почувствувал и Енис – самохран родител. Тој живее со семејството во беда, каде во период на корона им одзеде и тоа малку што го имаа.
Енис се занимава со рециклажа на секундарни суровини , за да го прехрани семејството. Тој е самохран родител и татко на 5 деца, четри ќерки и еден син. Него го напуштила жената и се премажи во Франција. Покрај него и децата кои живеат во една трошна барака со нив живее и братот на Енис.
Тој чесно го храни своето семејство. Работи собирање на секундарни суровини, продавање на половна облека по пазарите . Во бараката имнаат две простории и моментално електрична енергија земаат од блиската бандера. Тоалет немаат.
Тој вели: „Има сеуште млади Роми кој на овој начин егзистираат. Но короната донесе сло, каде поради пандемијата сега и таа работа е несигурна. . Тој своите деца ги воспитува да бидат скромни. Тој напоменува дека во овој момент потребна му е неопходна помош за да може да опстои.