Во Битола повторно претепани Роми со елементи на реваншизам од страна на полициските службеници, Во врска со овој нов случај во Битола со индикации заполицијска бруталност , но и со елементи на реваншизам од страна на полицијски службеници, Ромскиот Демократски Сојуз – РДС
РДС реагира поповод објавата од Аваја каде оваа информација ја сподели на социјалните мрежи. Меѓудругото во неа беше напоменато дека полицијата првао легитимираше и сакаше да казни еден Ром поради неносење на маска за време на неговата пауза за јадење. Потоа сакаше да го казни поради неносење на лична карта и заедно со неговата мајка беа приведени, и во полициското возило беа малтретирани и тепани со изговор: “ѓуптини ајде сега снимајте, не ми можете ништо”!
Воедно нејзиниот сопруг во текот на денот се обидел 3 пати да го пријави случајот во полициската станица, но немало кој да го прими. Во моментов сопругот на жената повторно ќе се обиде да го пријави случајот во полиција во Битола – очекуваме дека полицијата овојпат ќе го прими граѓанинот и ќе превземе соодветни дејствија!!!
Со оглед на загрижувачките индиции, РДС барам и апелира Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи целосно да го истражи овој случај и доколку се потврдат наодите, инволвираните полициски службеници да бидат соодветно дисциплински казнети и доколку има основ, против истите да биде поведена кривична постапка. Исто така, го повикуваме МВР да ги преземе сите превентивни мерки за спречување на непрофесионалниот однос, расното профилирање, полициската бруталност и самоволието при постапувањето кон Ромите и другите категории сиромашни и маргинализирани граѓани, што очигледно е честа практика на полицијата.