На почетокот на октомври брачен пар на Роми беа претепани во автобус. За тортурата не би се ни знаело ако една девојка на ФБ не го поделеше овој случај како трауматичен. Ниту еден од патниците кој беа во автобусот не им помогна на тие луѓе. А според сите индикации , причината за напад беше едниствено затоа што се –Роми.
Нападите врз Ромите во општествот поминуваат некако незабележително, или сосема со мали казни, а во овој случај ги има сите елементи на омраза и институциите потребно е да реагираат, напоменува претседателот нас Лигата на Ромите и долгогодиштен активист Осман Балиќ.
–Факт е дека има напади многу почести од тоа што го слушаме или гледаме. Дури и росмките организации се збуните од количината на насилство. Напад со мотиви на омраза и нетолеранција се последици од општествениот контекст и амбиент во кој живееме. Имаме напади со кој сериозно е потребно да се занимаваат институциите како што се обвинителството, сидството и полицијата. Но тие не превземаат ништо, така што на ксенофобите и насилниците ум даваат ветер во грб , затоа што знаат дека санкциите се минимални , а најчето и ги нема –вели Балиќ.