И покрај пандемијата и рестрикцијата на патувањата во светот, Обединетите нации и годинава го составија рангирањето на најмоќните пасоши од сите 193 земји членки.
Македонскиот пасош е рангиран на 16-тата позиција со што станува помоќен дури и од американскиот кој е на дваесет и првото место.
-Според Мерит системот на светската организација. Од регионот, Словенечкиот пасош е на петто место, Хрватскиот на осмо , Романија и Бугарија се на деветтото место , Србија е на 14 место, Црна Гора на 18 а Босанскиот на деветнаесетта позиција.
Пасошот на Нов Зеланд е прогласен за најмоќен а по него следуваат Германија, Австрија, Луксембург, Швајцарија, Ирска , Јужна Кореа, Јапонија и Австралија сите со оценка 128 и го делат второто место.