Европската Унија и додели на Бугарија повеќе од 1.5 милиони евра на бигарското Министерствоза внатрешни работи (Институт за психологија) да спроведе 20 обуки за 480 полицајци како да препознаат „знаци на радикализација“ меѓу Ромите!
Додека зборуваме за вклучување на борбата против антиромското расположение во ЕУ, додека претседателот на ЕП Вон дер Лејен зборува за создавање на „навистина антирасистичка“ ЕУ, додека германската влада се обидува да се спротивстави на растечката радикализација во рамките на нејзината армија и полициските сили (29 полицајци во Северна Рајна Вестфалија суспендирани пред 4 дена за размена на слики на Хитлер и лажни фотографии на бегалци во гасни комори), бугарската влада го насочува вниманието кон една сосема друга насока: сака пари од ЕУ за борба против „радикализацијата“ на Ромите!?!
Парите доаѓаат од Оперативната програма за добро владеење и Европскиот социјален фонд, а интересно проектот е и за корупција - името на проектот е „Проширување на експертскиот капацитет на Министерството за внатрешни работи за спречување агресивни настани во општеството, корупција и радикализација ".
Ова е европски скандал и се повикуваат на итна акција на сите активисти Роми и про-Роми, политичари и претставници на невладини организации на ниво на ЕУ и на национално ниво во Бугарија затоа што е крајно опасно ако дозволиме Ромите да бидат етикетирани како „радикализирано“ малцинство во земја-членка на ЕУ. Веројатно, можете да замислите што би се случило ако друго малцинство (еврејско, турско, бугарско или унгарско) е цел на ваков проект финансиран со пари од ЕУ.
Воопшто не е јасно како бугарските власти успеаја да ја оправдаат потребата од вакви обуки за европските донатори. Еве ги информациите од официјалната веб-страница на бугарското Министерство за внатрешни работи.
https://www.24chasa.bg/novini/article/9030952