Историјата на Ромите е богата и долга. За нивното потекло и мигарција Ромските познавачи велат дека е многу истражувано, и факт е дека Ромите потекнуваат од Индија за кој постојат многу документи. Нивниот егзодус започна за време на нападите од Султан Махмуд Газни пред околу 1000 години (некаде околу 1018 година).
Тоа го напомена познатиот професор и познавач на историјата на Ромите Драгољуб Ацковиќ.
Инаку покрај другото Ацковиќ потенцираше и други периоди вои врска со ромската историја. Историски факт е дека за време на третото патување на морепловецот Кристофор Колумбо кој беше во периодот 1498–1500 година во својот екипаж имаше и четворица Роми (двајца мажи и две жени).
Всушност со тоа беше одбележан и периодот кога првите Роми кои стапнале на јужноамериканско тло.
Инаку според кажувањата на професорот Ацковиќ денеска во Бразил има над 1 милион Роми. Исто така голем е и бројот на Роми во другите јузжноамерикански држави и Латинска Америка но сепак бројката на Роми во Бразил според Ацковиќ е импозантна.
Инаку интересно е дека во 1955 година за функцијата Претседател на Бразил беше избран Жузелино Кубичек (Juscelino Kubitschek ) кој според потеклото е чешки доселеник и по мајчинска страна е Ром.