Во местото Пашчовска Нова Вес, Ромите иако се католици не смеат во црква. Не им е дозволено да присуствуваат во мисите заедно со останатите жители на селото.
Во обид еден од свештениците да го промени тоа , беше нападнат , а автомобилот оштетен.
–Никогаш не ни беше кажано дека можеме да дојдеме во црквата. Ние нашата миса отсекогаш сме ја држеле овде надвор , а кога ќе заврнеше влегувавме во некоја куќа. Тука се собиравме и по 70-80 Роми – вели Андреј Червењак , селски старешина.
Овдека Ромите имаат изградено една капела со подршка од Германија. Во сабота, наместо во недела ни доаѓа свештеникот Мирослав Турчик . Тие доаѓаат овде од срам дека мислат дека се сиромашни и чќе бидат навредувани, вели Мирослав.
Инаку во близина на селото Шаришке Јастребје, свештеникот ги повика Ромите на неделна миса, но сепак не заврши добор. Селаните се побунија против доаѓањето на Ромите и дури го оштетиа автомобилот на свештеникот.
Мештаните велат дека има луѓе кои се „алергични„ на на Ромите.
–Велат дека Ромите не земаа учество во изградбата на тие цркви, и дека немаат право да доаѓаат во нив.
Но јас сум оптимист дека во иднина нема да има поделби и нема да се прават разлики помеѓу луѓето„ напомена Андреј Червењак.
Link: http://www.portal-udar.net/u-slovackim-selima-romi-iskljuceni-iz-crkve/