Овој октомври бил најтопол во историјата

Октомври 2019 година беше најжешкиот октомври досега земјината топка , објави денеска Европската вселенска програма Коперник, додавајќи дека ова е петти месец по ред кој достигна или е близу до рекордни вредности .

Овогодинешниот октомври е потопол за 0,69 степени Целзиусови од просечната октомвриска температура во периодот 1981-2010 година.

Многу малку го надминува (0,01 степен) октомври 2015 година, но е 1,2 степени над температурата во прединдустриската ера на човештвото.

„Ова е петти месец по ред што го проби или многу блиску до рекордот“, соопшти агенцијата ,,Коперник” , програма што ги следи климатските промени.

Јуни 2019 година беше убедливо најжешкиот јуни досега , а јули е прогласен за апсолутно најтопол месец во историјата на мерењето температура . Август 2019 година е втор најтопол август во исрторијата , а септември е прв.

Последните четири години беа најтоплите досега забележани на планетата. Во август, Светската метеоролошка организација веќе ја рангираше 2019 година меѓу првите пет најжешки години, во согласност со влијанието на климатските промени, за што предупредуваат научниците.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 158 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот