Предрасуди, напади, шиканирање, постојани закани за протерување од земјата - многу млади Роми и Синти во Германија живеат под голем психолошки притисок. Справувањето со тоа не е лесно.
„Многу млади го кријат својот идентитет поради дискриминацијата на која биле изложени“, вели Мерџан Јакупов, извршен директор на организацијата на Роми за млади Амаро дром од Берлин.
Сликата која поголемиот дел од општеството ја има за Ромите не е едноставно да се промени. Предрасудите кај многумина се длабоко вкоренети, а одделни медиуми уште и ја поттикнуваат – свесно или несвесно. „Кога ќе се случи нешто негативно, сите доаѓаат да известуваат за тоа.
Наместо тоа настануваа страв и фрустрации. Несигурната иднина е проблем со кој се соочува и самата младинска организација Амаро Дром. Досега проектот е финансиран од средства во рамки на програмата на германската влада „Да се живее демократијата“.
Но, на изненадување на луѓето од здружението, средствата им се скратени. Затоа морале да укинат три постојани работни места. А, една од последиците е што вакви конференции во иднина нема да може да се организираат, барем не во оваа форма.