Наскоро ќе тргне и првата клапа за документарецот „Небо, Точак, Земја„. Според договорот на екипата која ќе го реализира овој документарец, тој старт е палниран запоследната недела од месец октомври 2019 , каде како прва дестинација е Руската Федерација , со снимање во Москава и околината.
Документарецот ја разработува историјата на Ромите од пред 1500 години до ден денешен.
Во втората етапа покрај Руската федерација планирани се снимања во Србија, Романија и Бугарија.
Планот на снимање по динамиката негде во ноември е планирано и снимање на Индискиот подконтинет.
Како финална дестинација ќе бидат планирани и снимањата во Шпанија, Португалија, Франција, Британија, како и Германија, Полска, Хрватска, Унгарија, Австрија и најпосле во САД и Бразил.
Екипата која е задолжена за реализација на овој документарен проект се: Зоран Димов - продуцент, Коста Марковски - режија, Рамуш Муарем - Цирко како сценарист, главен наратор и актер Бајрам Северџан - Др Кољо, и техничка екипа на снимателки и монтажа во состав Ерхан Демир, Ферди Осман и Бајрам Исени.