Како продолжување на активностите од промоцијата на документарниот филм и направената Анализа „Мапирање на разликите во домување на Ромите„ активноста продолжи и во Велес и Куманово.
И во двете општини интересот беше голем и се разви квалитетна дискусија. Свое присуство имаа и членови од локалната самоупраба, од Јавните претпријатиа како и од ромскиот НВО сектор и обични граѓани Роми жители на ромските населби како од Велес така и од Куманово.
Беа дискутирани повеќе теми и дадени одговори од областа на легализацијатам од инфраструктурни проблеми, дури од социо економските проблеми со кој се соочуваат Ромите од овие две општини.
Промоцијата продолжува понатаму каде следни се општините Прилеп и Кичево .