Како еден од проблемите и главна пречка на легализација на дивоизградените објекти на Ромите од Средорек - Куманово, според општината е затоа што таа зона е како „Зелен појас„.
Потребно е според градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски како и Ахмет Јашаровски - општински соработник за Локален еконмски развој во општина Куманово, прво да се направи Промена на Генералниот Урбанистички план , за да може некои делови од таа - зелена зона се преименуваат во градежна зона, за да потоа постојат шанси за дел од дивозиградените објекти во Средорек да се легализираат.
Во спротивно не ќе биде можно тој дел да биде легализиран, затоа што тоа е против законски.
Тие напоменаа дека промената да ГУП ќе биде реализиранан во некој близок период. За таа потреба и самата општина основаше ЈП кое ќе се занимава токму со овој сегмент, кој е горлив проблем со години наназад во Куманово и наталожени се многу проблеми во целиот овој период.
Токму во тој контекст ќе биде и дискутирано на 11 Септември 2019 година со почеток од 13 часот во Домот на занаетчии во Куманово за време на промоцијата на документарниот филм, Легализација на ромското домување - мапирање на разликите„.