Крвен тест може да предвиди кога некој ќе умре

Едноставен крвен тест еден ден би можел да даде податоци во врска со нашата смрт. Во неодамна објавена студија, тим европски истражувачи објаснуваат како одредени биомаркери во човечката крв им овозможиле да предвидат уште колку долго некоја личност ќе живее.
Тие анализирале податоци од примероци од крв од 44 168 луѓе на возраст помеѓу 18 и 109 години, од кои 5512 умреле во период од скоро 17 години.

По гледање во 226 биомаркери во примероците, истражувачите одредиле 14 со кои би можело да се предвиди дали личноста ќе умре во следните 5 до 10 години.

За да ја тестираат теоријата, тие анализирале податоци од примероци на крв земени од 7603 Финци во 1997-ма и користејќи ги 14-те биомаркери се обиделе да предвидат колку од нив би умреле за 5 до 10 години по годината кога биле земени примероците.
Нивните предвидувања биле точни скоро во 83% од случаите – прецизност која не ја очекувале.

Потребно е уште многу работа за да ова откритие има практична примена, а научниците сметаат дека истото би можело да го подобри здравството, помагајќи им на докторите да ги идентификуваат најранливите пациенти пред врз нив да се започне одреден третман.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 142 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот