Годинава големиот верски празник Курбан Бајрам започнува во недела на 11 август.
Во календарот на Република Северна Македонија , Министерството за Труд и социјална политика ја наведува недела како неработен ден заради празникотКурбан Бајрам.
На овој начин се покажува дискриминирачки однос кон припадниците од исламската заедница, бидејќи им е одземено правото на неработен ден за празник.
Општо познато е дека доколку празникот се паѓа во недела, како неработен ден се прогласува следниот ден -понеделник.
Пример за тоа е верскиот празник - Велгден, кој секој пат се паѓа во Недела, па затоа секогаш и Понеделник се прогласува за неработен!