Судот во Келн, Германија донесе одлука во корист на 21 годишниот Ненад. М, по потекло од Србија од ромска националност.
Тој 11 години неправилно посетувал „специјално училиште„ во Баварија - Германија за деца со потешкотии во развојот. Тој го говорел само ромскиот и српскиот јазик.
Веднаш по преселбата на неговото семејство од Баварија во Северна Рајна Вестфалија , Ненад бил префрлен во училиште со ментален инвалидитет , без да се пресипитаат неговите интелектуални способности. Сега покраината Рајна Вестфалија ќе мора да исплати отштета за нивната процедурална грешка.
Ненад после 11 години образование во „специјалното школо„ добил можност да се префрли во редовно училиште кој ја завршил во 2016 година со просек “1,6” (каде “1” во германскиот систем е највисока оценка. )
Здружението Mittendrin ја поздрави донесената пресуда. „Случајот со Ненад на е изолиран и сеуште има вакви примери„ рече директорката на здружението Ева Марија Томс.
Загубата во приходи како последица од подоцежно завршување на образованието пресметенао е од околу 40.000 евра, а како психолошки - пост трауматски момент штетата е пресметена за дополнителни 20.000 евра.
Судот сеуште ја нема утврдено висината на средствата и тоа ќе биде посебна расправа на судот.