Изминатиов викенд во редакцијата на порталот на ромски јазик Roma Press беше славенички. Причина за прославата е една година од стартот со работата на овој ромски медиум.
Во изминативе 365 дена, Рома Прес направи напори да биде забележан во пошироката јавност на тој начин што ги следеше мошне интензивно сите политички, културни и други случувања во нашата држава,
Воедно во континуитет споделуваше информации за актуелните случувања и низ светот, а кои се тесно поврзани со Ромите и случувањата околу нив.
Оваа прилика ја користиме и ние колегиумот на Веб порталот Рома Тајмс да им го честитаме првиот роденден на редакцијата на Рома Прес на чело со нивниот главен уредник Севѓул Абдула.
Нека се множат годините и успесите во иднина.