Вклучувањето на Ромите во квалитетно предучилишно образование и во образовниот процес и создавање услови за вработување беше тема на неодамнешниот одржан форум „Предизвици и можности за деца и млади Роми", како дел од регионалениот проект „Зголемени образовни можности за учениците и млади Роми во Западен Балкан и Турција"
Само 30 отсто од децата во Република Северна Македонија се опфатени во предучилишното образование, односно тоа значи и помал број вклучени деца Роми од 2,1 отсто.
Затоа, е одлучено да се зголемат капацитетите на прием на деца Роми во градинките, доколку се почитува човечкиот капитал како држава. Сите деца Роми, системски, ќе се вклучат во градинките и тоа ќе биде финансирано од државата.
Ова е одличен старт за системско образование, за што се има целосна поддршка од сите клучни чинители во државата и сме следени од меѓународната заедница