Апелацискиот суд во Белград во третостепена постапка донесе пресуда каде се намалени казни за припадниците на „Четниците на Симо„ Томислав Гавриќ, Зоран Ѓурѓевиќ и Зоран Алиќ, за направеното нечовечко злодело, силување и сексуално злоставување на три Ромки во селото Скочиќ во втората половина од 1992 година . ФХП смета дека преблагата казена политика на судовите во Србијане донесува до казнување и неповторување на злочините , правичност, ниту до сочувство и солидарност за болката на жртвите на воените злодела.
Во вторстепената постапка, Апелацискиот суд во Белград во јули 2018 година ја потврди ослободителната пресуда против припадниците на единиците „Четниците на Сима„ за рушење на џамии и за убиство на 27 ромски цивили во селото Скочиќ во јули 1992 година.
Со одлучување по приложените жалби третостепената комисија пронајде дека второтепената комисија за време на одредување на висината на казнатана неадекватен начин не ја проценил олеснителните околности. Од тие причини на Гавриќ и Ѓурѓевиќ им е намалена казната затвор на осум , а на Алиќ на пет години затвор.
Исто така дека ова дело во Скочиќ е едниствен злочин кој е процесуиран пред домашните судови за злодела направени над Ромите, и дека за убистввото на Ромите во Скочиќ нити еден припадник на „Четниците на Сима„ не е осуден затоа што Апелација ги заострил стандардите за докажување на соучесниците , и за повечемесечно сексуално насилство и силување на Ромките изрече благи казни во однос на казните кои се дадени за направени злодела врз други националности, се стекнува впечаток дека надлежните институции за процесуирање на воените злосторства во Србија се незаинтересирани за истражување и процесуирање на тие злосторства направени врз Ромите после конфликтот на просторите на некогашна Југославија, каде покрај недостаток на сочувство со жртвите институциите во Србија покажуваат и дискриминаторски став кон Ромите.
Link: http://www.hlc-rdc.org/?p=36418&fbclid=IwAR2ApWND2UunKqpLYqpKaK3tGG7iJyupBh7jTHce8Wk1JSRep6G1F2qzJj8