Организацијата Oxfam направи едно интересно истражување преку кое покажа дека во 2018 година, најбогатите 26 луѓе во светот имаат богатство еднакво на половина од најсиромашните луѓе во светот.
Според ова, може да заклучиме дека милијардерите во светот го зголемуваат своето богатство, додека сиромаштијата од другата страна, исто така се зголемува.
Главната цел на оваа организација е да ги натера властите да ги зголема даноците на оние богати компании и да го намалат затајувањето на данокот.
Станува збор за едно навистина интересно истражување кое што има за цел да ја промени глобалната политика во светот, кога станува збор за даноците.
Според многу експерти од оваа област, многу богати компании и корпорации не плаќаат доволно данок, колку што навистина би требало, а многу сиромашни лица, имаат голем број на трошоци.