Комотна е пратеничката фотелја: Пратениците кои ќе земаат апанажа ќе ја чинат државната каса над 600 000 евра

Деновиве во јавоста излезе информација дека собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, до сега, на најмалку 29 пратеници од минатиот парламентарен состав им одобрила да земаат апанажа во траење од една година, која е во висина на платата на пратениците, а истата ја исплаќа Собранието.

Само досега потврдените апанажи на поранешните пратеници ќе ја чинат државната каса над 600 000 евра. Се вели досега бидејќи рокот за поднесување на барања за апанажа трае до 28 јуни, а право на апликација имаат вкупно 57 пратеници од минатиот состав.

Покрај енормно високите плати, надоместоците за патни трошоци, бифето кое служи по набавни цени и многу други привилегии, правото на апанажа претставува уште еден доказ дека пратениците се најпривилегираните работници во државава. Наспроти нив обичниот работник одвај врзува крај со крај и не му се почитуваат и оние малку права кои му се законски загарантирани.

Уште во 2022 година партијата Левица, поднесе закон за укинување на апанажата за избраните и именуваните функционери како и предлог закон за воведување на апанажа за работниците. И двата закони беа експресно одбиени од страна на мнозинството од политичките партии, вклучувајќи ги СДСМ,  ВМРО ДПМНЕ, ДУИ и др.

Инаку апанажата изнесува скоро колку една пратеничка плата , а тоа е близу 1.000 евра.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 265 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот