Дали треба да се плашиме од порастот на десницата пред изборите за Европскиот парламент?

На помалку од еден месец до изборите за Европскиот парламент, истражувањата покажуваат дека повеќе од 400 милиони граѓани на Европската Унија, од 27 земји-членки, со своите гласови ќе донесат значителен раст на десничарските партии.

Пред изборите, кои ќе се одржат во сите држави меѓу 6 и 9 јуни, анкетите покажуваат дека партиите кои припаѓаат на десниот и левиот центар и групата на Зелените ќе доживеат пад на бројот на гласови, но дека традиционалните партии ќе го задржат мнозинството, иако со послаби резултати во однос на претходните гласачки циклуси.

Што може да значи подемот на десницата?

Во актуелниот состав во заминување на Европскиот парламент, десницата има 128 пратенички места од вкупно 705. Во слединиот состав според анкетите, тие би можеле да освојат речиси четвртина од сите мандати.

Сепак, според мислењето на експерт од германскиот Маршалов фонд, тоа не мора да значи дека растот на овие струи ќе имплицира раст на проруските чувства во Европскиот парламент.

Како пример, ја споменува италијанската премиерка Џорџа Мелони, која според него има силно антируско и проукраинско расположение. Потоа француската претседателска кандидатка Марин Ле Пен, која како што посочува, била финансирана од Русија, сега сè повеќе се приклонува кон Украина.

„Би бил внимателен кога претпоставувам дека идниот Европски Парламент, дури и ако екстремната десница добие места, ќе биде значително попроруски или антиукраински од сегашниот парламент. Верувам дека тоа нема да бид така“, вели Киркегард.

Марин Ле Пен во 2014 година подигнала заем од првата чешко-руска банка, вреден 11 милиони евра. Сенката на овој заем долго време се наѕира над оваа екстремно десничарска партија, а Ле Пен беше жестоко критикувана за нејзините односи со Русија. Во септември 2023 година, нејзината партија потврди дека целосно го вратила заемот.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 47 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот