Од самобендисаност и его, Ромите се „слепи„ на видливите проблеми

Времето си поминува не гази, а Ромската нација во државата сеуште се спрепнува на факторот самобендисаност и его. До гуша сме во кал, а ние упорно калта ја гледаме  - розово. И уште се тешиме со „Ќути има и полошо„ .

Од ден на ден животот и живеачката не голта како „жив песок„, од повеќе аспекти. Ромите се скроз на скроз дезориентирани и изгубени. Немаат никаква моќ, ниту економска, ниту социјална, културна, образовна..... За политичка да не праиме ич муабет.

Наскоро за Ром ќе нема место ни за портир во Владата или Парламентот.

А зошто е тоа така?

Лесно и препознатливо - Од самобендисаност и его! Сите сме родени за лидери, водачи, оратори. Сите сме родени за врвот! Никој неќе да е „втор„.

И затоа од таа илузија „Сите сме родени за врвот!„ ние нашите проблеми не ги гледаме и понатаму остануваме назад во споредба со другите наши соседи и сограѓани.
 А во вистинска смисла на зборот кај нас владее зависта, инаетот, и воедно кој многу лесно ја даваме двербата на неки не Роми , а не кон нас самите  Роми.
Е со такв ментален склоп нема да мрденеме ниту за прст понапред, и напротив – ќе си останеме „црна дупка вио општеството„ . Ако браќа Роми само терајте така, за тоа не бива!

 Рамуш Муарем - Цирко

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 400 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот