Кој знае каква би била судбината на Југославија доколку во било каков случај, за јавноста малку познат, би се остварил планот на Јосип Броз Тито.
Некои денес со носталгија се сеќаваат на Југославија и сметаат дека тогаш се живеело многу подобро од денес и било многу посигурно, а други сметаат дека Југославија била вештачки создадена која со децении собирала сила за да ги обедини народите кои не можеле да бидат споени.
Меѓутоа, кој знае каква би била судбината на Југославија доколку планот на Тито би се остварил, планот кој јавноста не го знае.
Некои историчари сметаат дека Тито сакал уште поголема, помоќна Југославија која не би била само регионална туку и светска сила и сигурно една од најголемите во Европа.
Историчарката Сабрина Рамер минатата година за медиумите изјавила дека СФРЈ со Тито сакала да создаде интегрална Југославија која би ги вклучила и крајбрежните подрачја околу Југославија: Грција, Албанија, Бугарија како и целата провинција Фурланија.
Меѓу согласниците на југословенскиот иредентизам биле и монархистите и републиканците во времето пред создавањето на Југославија 1918-та година.
Сепак се наведува дека политичкото движење на Звено во Бугарија предизвикало идеја за вклучување на Албанија и Бугарија во заедничка држава со Јужните Словени. Движењето на Звено учествувало и во државниот удар во Бугарија во 1934-та година. Барале сојузништво со Франција и вклучување на Бугарија во Југославија. Дури и британската влада во текот на Втората светска војна ја поддржала идејата за создавање на Голема Југославија.
Во Втората светска војна, Тито објавил дека Југославија има право на Трст и цела Корушка, вклучувајќи ја пред сè, Австриската Корушка.
„Ја ослободивме Корушка, но меѓународните услови беа такви што мораше привремено да ја напуштиме. Корушка е наша и ние за неа ќе се бориме“ - изјавил Тито.
Исто така се појавила интересна карта која предвидува како би изгледала СФРЈ доколку плановите на Тито би се оствариле, и тоа во два случаеви:
- маршаловата визија ви ја вклучила Албанија и делови од Романија и Грција и Солун
- Бледскиот компромис помеѓу Тито и Димитров би ја вклучил интеграцијата на Бугарија во заедница на југословенските земји.
Авторот на необичната карта истакнува дека во некој “паралелен универзум“ комунистичката револуција во Грција барем делумно би успеала со што некои делови од земјите би се отцепиле и би се придружиле кон Југославија.