Организирање вонредни парламентарни избори е одлуката на премиерот Зоран Заев по неуспехот да се добие почеток на пристапни преговори со ЕУ. Премиерот тврди дека ќе продолжи по европскиот пат.
Предвремени избори чиј датум на одржување ќе зависи од договор меѓу водечките партии нуди премиерот Зоран Заев по исходот на самитот на ЕУ во Брисел.
„Немаме време за губење. Мојот предлог е организирање брзи предвремени избори, најбзро што може. Избори на кои вие граѓаните ќе донесете одлука и потврда за патот по кој треба да продолжи земјата.
Тоа ќе биде мојот предлог на утрешната лидерска средба“, изјави денеска Заев на прес-конференција во владата. Тој призна дека размислувал и за оставка на функцијата.
„Сите опции беа во мојата глава, го почуствував гневот и фрустрацијата, но реков дека немам право да престанам да се борам“.