Премиерот Зоран Заев на седница на Владата ќе предложи разрешување на голем број директори и членови на управни и надзорни одбори на јавни претпријатија.
Меѓу разрешените раководители беше соопштено и името на актуелниот ВД Директор на ЈЗУ Геронтолошки завод “13 Ноември“ и Салија Љатиф Петрушевска една од ретките раководители кои доаѓаат од Ромската заедница. Таа на оваја функција беше од 2017 година
Причините за нивно разрешување, како што рече Заев, се различни, нереализација на капитални инвестиции, недоволна транспарентност, непочитување на препораки, слаб менаџмент.
На некои ќе им бидат понудени нови функции. Дали во тој распоред ќе биде опфатена и Салија Љатиф Петрушевска ќе се дознае во периодот кој доаѓа.