Според првичните резултати, Европската народна партија (ЕПП) освои 179 места (во 2014 година таа ја доби 216), Прогресивната алијанса на социјалисти и демократи (С&Д) 150 места (185), Алијансата на либерали и демократи за Европа (АЛДЕ) 107 (69) и Зелените 70 (52) во проевропскиот блок.
Од другата страна, пак, се Европските конзервативци и реформисти со 58 (77), Европа на нации и слобода (ЕНФ) 58 (36), Европа на слобода и директна демократија (ЕФДД) 56 (42) и Обединета европска левица и Нордиска зелена левица (ГУЕ / НГЛ) 38 (52), додека има уште 35 неопределени пратеници.
Инаку како Ром европски пратеник зибран е и магистар Петер Полак од Словачка. Тој е роден на 20.04.1973 година во словачкиот град Прешов.
Тој е еден од вкупно избрани 12 пратеници од Словачка Инаку според бројот на партеници во ЕП најмногу има Германија 96, Франција, 74, В.Британија и Италија 73, додека најмалку Естонија, Кипар, Луксембург и Малта по 6.
Од екс југословенските републики кои се членки во ЕУ, Словенија има 8 додека Хрватска 11.