Во рамките на предизборната кампања за претседателските избори оваа година на прес конференција во Општината Шуто Оризари, пред медиумите своја изјава дадоа и дел од ромскиот политички блок кои соопштија дека нивното членство и симпатизери ќе ја подржат кандидатурата на Пендаровски.
На прес конференцијата беа присутни коалиционите партнери на СДСМ, Пратениците Амди Бајрам од СРМ, Самка Ибраимовски од ПЦЕР, лидерот на ОПЕР Неждет Мустафа како и градоначалникот на општината Ш.Оризари и член на СДСМ Курто Дудуш.
Тие недвосмислено ја истакнаа својата волја дека ќе ја подржат кандидатурата на Стево Пендаровски и уверија дека на 21 Април и евентуалниот втро круг на 5 мај во оваа општина победата ќе ја понесе Стево Пендаровски.