Почнуваат подготовките за пописот, неизвесна графата за етничка припадност

До 27 месецов треба да се најде фирмата што ќе го изработи софтверот, односно апликативното решение за пробниот попис и пописот на населението, домаќинствата и становите во Македонија. Државниот завод за статистика пред 2 дена го распиша огласот, со што и официјално почнуваат подготовките за пробниот попис што ќе се одржи во април годинава и за официјалниот попис на населението во април наредната година.
„Сега се бараат решенија за апликацијата, со оглед на тоа што пописот ќе се врши со преносни компјутери. Пробен попис ќе има во 16 градови и 16 села, а за делот со исфрлањето на графата за етничката припадност крајниот збор го оставаме на Парламентот. Ние го кажавме своето мислење“, изјави директорот на Заводот за статистика, Апостол Симовски.

Во тендерската документација можат да се видат и некои од прашањата што треба да ги содржи апликацијата. На пример, модулот за податоци на лица, односно прашањата на кои треба да одговараат луѓето кои ќе бидат попишувани содржат мајчин јазик, државјанство, тие ќе бидат прашувани и колку време се присутни на адресата, дали лицето се враќа во домаќинството повеќе од двапати во еден месец, економскиот статус, превозното средство што се користи за да се стигне до работното место/образовната установа, главни извори на средства за живеење итн. Графата етничка припадност не е содржана во тендерската документација за софтверот.

Од Државниот завод за статистика изјавија дека е можно при пописот да нема прашање за етничката и за верската припадност бидејќи, како што тврдат, тие податоци немаат употребна вредност и се подложни на политички злоупотреби.
„Немало попис што не бил цел на политизација, а најмногу се политизира етничката компонента. Затоа сме подготвени да се откажеме од некој аспект, но политизација нема да дозволиме. Да потсетам, ова е статистичка операција. Според нашиот Устав, правата на одредена група граѓани произлегуваат од јазикот што го говорат, а не од етничката припадност“, изјави пред неколку месеци Симовски.

Крајниот збор за ова треба да го каже Собранието согласно со новиот Закон за попис, иако  жестоки се реакциите во однос на бришењето на графата за етничка припадност, со оглед на тоа што државата ќе нема увид за процентот на етничките заедници кои живеат во Македонија.

Целата операција со пописот треба да чини 8 и пол милиони евра, што е далеку помалку од 14-те милиони за пропаднатиот попис во 2011. Неуспешниот попис го актуелизираше и СЈО, кое врз основа на снимки од бомбите отвори истрага за Никола Груевски и Али Ахмети под сомнение дека тие ја злупотребиле службената положба и го оштетиле буџетот за 2.8 милиони евра.

Последниот попис во земјава беше одржан во 2002 година и Македонија е една од ретките држави во светот каде што населението не било пребројано повеќе од 17 години.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 404 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот