Во трката за претседател на Македонија влегува и Амди Бајрам, лидер на Сојузот на Роми, кој добил поддршка на централниот одбор на партијата.
„На седница на централниот одбор на Сојузот на Ромите беше одлучено за единствен кандидат за претседател на Македонија да го кандидира лидерот Амди Бајрам“, се наведува во објавата на Фејсбук на Аднан Мемеди, член на централниот одбор на Сојузот на Роми.
Амди Бајрам, кој е пратеник, рече дека ја прифаќа номинацијата од највисокото партиско тело.